Здружение “Ленка“: Нухиу не може да биде заменик-министер за правда по аферата откриена од инспекторот Илиевски

Левичарското здружение „Ленка“ реагира на официјалниот предлог од Владата досегашниот заменик во Министерството за внатрешни работи, Агим Нухиу, во новата Влада да биде заменик-министер за правда. На досегашната позиција на Нухиу, според предлогот испратен до Собранието, на негово место доаѓа еден од директорите на Телеком, Назим Буши, а тој ќе му биде помошник на Бојан Маричиќ.
„Агим Нухиу – новиот заменик министер за ПРАВДА кој се закануваше на инспекторот Илиевски затоа што му го разоткри незаконското унапредување на Тетовскиот универзитет. Честито чесни кадри!“, се огласи „Ленка“.
Од здружението алудираат на случајот со инспекторот Ѓорѓи Илиевски од Државниот просветен инспекторат кој откри дека Нухиу напредувал во научните звања на Тетовскиот универзитет, иако работниот однос му бил во мирување како професор.