јуни 7, 2023

Груби: И Македонците ќе може да се вработуваат со субвенции каде што се помалку застапени

Првиот вицепремиер Артан Груби, кој денеска присуствуваше на настан по повод завршување на проектот за гасификација на болницата во Чаир, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека субвенциите за вработување по етничка основа би важеле реципроцитетно и за Македонците.

– Правичната и адекватна застапеност е уставно начело. Тоа мора сите да го почитуваме. Идејата е и за субвенционирање на Македонците кои се помалку застапени во компаниите во Гостивар, Тетово, Струга и Дебар, па и Чаир, рече министерот за политички систем, кој е актуелен деновиве со најавата дека на приватни фирми ќе им се нудат субвенции доколку вработуваат Албанци и работници од други помали заедници заради правична етничка застапеност.

Сепак, Груби вели дека затоа нема договор за конкретна сума во буџетот и дека во моментов се се однесува само на декларација во владината програма.

– Тоа е само идеја и само се дебатира за тоа. Не ми е јасно зошто има толку реакции на социјалните мрежи. Не зборуваме за вработувања на неквалитетни кадри, туку за избор на квалитетни. Жалам дека се уште има такви реакции. Не велиме по етнички клуч, туку правична застапеност, додаде Груби.

За авторот

Сподели