октомври 24, 2020

Мукаетов до Бесими: Да не плаќаме двоен данок за дополнително здравствено осигурување на вработените

Министерот Фатмир Бесими вети дека ќе го разгледа барањето на бизнисмените за трошоците за тестрање за Ковид – 19 за вработените во компаниите, кои побараа да се третира како признат расход за цели на данокот на добивка. Тој денеска ги слушаше барањата на стопанствениците од Стопанската комора.

„Досега третман на признат расход имаат само трошоците за набавка на средства за дезинфекција маски за заштита навработените, заштитни визири, пластични паравани, посебни налепници. Со ваквиот даночен третман компаниите покрај тоа што се изложени на зголемени трошоци за тестирање имаат и неоправадани дополнителни трошоци за зголемени обврски за данок на добивка и трошоци за данок да личен доход. Бараме трошокот за тестирање за Ковид-19 да се смета за признат расход за целите на данок на добивка и за него да не се плаќа данок на личен доход, рече Зоран Јовановски, советник на Управниот одбор на Стопанската комора за економски прашања.

Министерот рече дека ова барање има логика и дека во Министерството за финансии ќе работат овој трошок да се признае.

Живко Мукаетов претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ рече дека државата треба да размисли и да ги ослободи фирмите од даночни давачки за платеното дополнително здравствено осигурување.

„Во моментов ние имаме одлив на квалитетни кадри од Македонија и сметам дека секоја мерка која компаниите ја прават да ги задржат треба да биде причина за нивна поддршка и од страна на државата. Ние им плативме дополнително здравствено осигурување на вработените, но за тоа плаќаме дополнително и пресонален данок и данок на добивка односно 20 проценти плус дополнителни трошоци. Два пати плаќаме, а идејата е да ги мотивираме да останат и да работат овде, рече Мукаетов.

Бесими му одговори дека ова не би имало значајни финансиски имликации врз буџетот и рече дека првичен став е фирмите да бидат ослободени од двојното даночно плаќање.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •