јуни 6, 2023

Македонија нема повеќе Министер за надворешни

Македонија нема повеќе Министер за надворешни.
Во актуелната состојба кога мислевме дека надворешните предизвици се надминати, а допрва ќе се нафатиме со домашните, гледаме дека таквата логика не е само кратковидна, туку и тотално погрешна.
Премиерот не може да изигурува Министер за надворешни, од проста причина што ја нема ниту експертизата, ниту времето да се посвети на сите детали и поедини прашања.
А имавме одличен Министер за надворешни.
Сега додека се фалиме низ Атина со Преспанскиот договор, ни пука во глава бугарскиот меморандум во ЕУ.
Министерот Бујар молчи и нема никаков став, Премиерот нема никаков став, единствено Димитров срамежливо се огласи.
Во меѓувреме Груби држи секојдневно пресови со амбасадори и странски државници, поздравува странски договори, се залага за Косово и комплетно ја презема владината агенда.
Со Бујар министер за надворешни, и некоја си учителка по англиски од ДПА како заменик, Македонија нема Министер за надворешни.

Фејсбук статус на Ивор Мицковски

За авторот

Сподели