мај 28, 2023

Утре се претставува платформата за учење од далечина

Министерството за образование во петок ќе ја претстави Националната платформа за учење од далечина. Оваа институција најавува дека обуката на 1.600 наставници за користење на оваа платформа ќе продолжи до сабота. Потоа тие ќе ги обучат своите колеги. Министерката за образование, Мила Царовска рече дека во случај бројот на заразени да биде голем на крајот на септември, учебната година ќе започне само со учење од далечина, а не со физичко присуство.

Од Унијата на средношколци се загрижени за нивната судбина. Велат дека надлежните институции се уште немаат идеја како сакаат да започне учебната година. Стравуваат дека оваа година може да се прогласи за изгубена.

„Ако оваа состојба продолжи како што започна, најверојатно ќе дојдеме до момент каде што во второто полугодие може дури да се прогласи за изгубена година и ќе биде многу депресивна за повеќето ученици. Бидејќи повеќето студенти веќе аплицираа и се примени во странски европски универзитети“-вели Бленди Ходаи, претседател на УС.

Унија на средношколците повтори дека не се откажуваат од барањето наставата во средните училишта да започне комбинирано додека праксата да се врши со физичко присуство. Министерот за здравство Венко Филипче, во емисијата „Патот кон“ изјави дека не се исклучува можноста од ноември учениците од 4, 5 и 6 одделение од основно образование и првите години од средното училиште да се вратат на училиште со физичко присуство.

За авторот

Сподели