Ураганот Сали предизвика катастрофални поплави во Флорида и Алабама

Актуелниот ураган се нарекува Сали и претстојат уште многу други. Но, оваа бура веќе донесе огромни количества вода на американскиот брег во Мексиканскиот залив, кои ги вчудовидуваат дури и експертите.
Оваа фотографија е направена во градот Пенсакола на Флорида каде во налетот на ураганот Сали улиците се претворија во реки. Во окото на циклонот се измерени брзини на ветерот до 165 километри на час, што одговара на ураган од втора категорија. Сали ја турка пред себе морската и носи огромни количества дожд. Поплавите на брегот на американските сојузни држави Алабама и Флорида имаа „историски и катастрофални размери“, соопшти Националниот центар за урагани. Последици, најверојатно, ќе се почувствуваат и во делови на Џорција, како и на Јужна и на Северна Каролина.
КОИ СЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗАТОПЛУВАЊЕТО НА МОРИЊАТА И ОКЕАНИТЕ?
Почести и посилни урагани
Интензитетот на тропските невремиња е поврзан со површинската температура на океаните и морињата. Ураганите и тајфуните ќе траат се` подолго, во Северен Атлантик и Северен Пацифик ќе има повеќе урагани со уште поголема сила. И во досега поштедените региони ќе доаѓа до разорни бури.