октомври 21, 2020

СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊА ПО ЕТНИЧКА ЛИНИЈА ВОДАТ КОН УШТЕ ПОГОЛЕМА СИРОМАШТИЈА И ЕТНИЧКА НЕТРПЕЛИВОСТ

Левица

Продолжуваат манипулативните политики од криминалната коалиција предводена од СДС и ДУИ со најавите од првиот заменик-премиер Артан Груби, за воведување на субвенции за фирми кои што ќе фаворизираат граѓани од определени помали етнички заедници при вработувањата.

Оваа мерка е крајно несериозна и евтин медиумски трик со кој што оваа коалиција се обидува да добие што е можно поголем број на поддржувачи и идни гласачи од етничкиот албански електорат, иако е јасно дека мерката е дискриминирачка во однос на другите етнички заедници.

Левица се залага да се напуштат позитивните ЕТНИЧКИ дискриминации каде што се создава фаворизирање на одредена група на граѓани поради нивната етничка припадност. За градење просперитетна држава, императив мора да е квалитетот, искуството и степенот на образование на кандидатите за вработување – соодветен кадар на соодветно место и потребно е да се воведе ПОЗИТИВНА СОЦИЈАЛНА ДИСКРИМИНАЦИЈА, која што е далеку поправична за сите граѓани на Република Македонија!

Преку воведувањето на позитивна социјална дискриминација првенство при вработувањата ќе имаат самохраните родители, децата без родители, лицата од социјално загрозени семејства и сите останати слични на нив кои што водат егзистенцијални битки секојдневно поради класната нееднаквост во нашево општество.

Со ова ќе воведеме правично распределување на работните места и ќе помогнеме сите граѓани, независно од нивниот етникум, да имаат еднакви и правични шанси за достоинствен живот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •