октомври 20, 2020

Заев го вработи првиот поранешен пратеник кој се откажа од апанажата

Јулиана Николова, поранешната пратеничка од претходниот собраниски состав, ќе работи како шеф на кабинетот на Горан Милевски. Ова го потврди министерот за локална самоуправа. Двајцата се сопартијци од ЛДП.

Претходно, премиерот Зоран Заев рече дека ќе им бара работа на поранешни пратеници, кои нема да се најдат во новиот собраниски состав, во државната администрација доколку се откажат од апанажите.

Четириесет и четворица пратеници од минатиот парламентарен состав доставиле барања до Собранието за апанажа, брифира претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •