јуни 7, 2023

Бpyтaлнo пpeтeпaн: Љyпчo Пaлeвcки вo kpитична cocтojбa

Активистот и претседател на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево е брутално нападнат и претепан. Според информациите на Инфомакс тој е во критична состојба во болница, а лекарите се борат за неговиот живот.

Неофицијално тој бил пресретнат и брутално нападнат пред својот дом на пат кон својата викендичка од непозната група на сторители. Изминатиот период Палевски се чини беше единствениот човек кој се бореше за вистината во Република Македонија. Преку објави на својот Фејсбук тој со јавноста сподели низа на доверливи информации, почнувајќи со аферата Атлантик во која масовно се следеле и прислушкувале опозициски претставници и активисти кои се бореа против промената на името, а потоа ја објави и вистината за како што вели тој за случајот „27 април“.

Првичната претпоставка е дека нападот е политички мотивиран .

За авторот

Сподели