Американски борбени авиони привремено ќе го чуваат воздушниот простор на Бугарија

Осум американски борбени авиони ќе им помогнат на бугарските воздухопловни сили во заедничките патроли на бугарското небо. Бугарија користеше слична привремена помош пред три години кога четири италијански тајфуни беа вклучени во патролите. Бугарската влада одобри вклучување на американски борбени авиони во надзорот и заштитата на воздушниот простор на земјата.
Во соопштението на официјална Софија се вели дека осум американски борбени авиони ќе се приклучат на МиГ-29 на бугарското воено воздухопловство и заеднички ќе патролираат по бугарското небо меѓу 26 и 30 октомври, јави Анадолија. Исто така, се наведува дека заедничката патрола ќе се користи за постепено прилагодување на употребата на американски авиони Ф-16 Блок 70, бидејќи Бугарија штотуку купила вакви авиони од САД и очекува нивна испорака за четири години.
Анексијата на Крим
Бугарија користеше слична помош за привремен надзор на небото пред три години кога четири италијански тајфуни беа вклучени во патроли. Тоа беше дел од програмата што ја започна НАТО по руската анексија на Крим во 2014 година. Флотата на бугарското воено воздухопловство се состои од авиони „Миг“ од руско производство, кои имаат ограничени технолошки можности.