октомври 22, 2020

Ѓоргиев: Работата на комисијата не е да го утврдува идентитетот на Делчев

Професорот Драги Ѓоргиев, копретседавач од македонска страна на Мешовитата комисија со Бугарија, вечерва во интервју за телевизијата „Сител“ истакна дека работата на Комисијата не е да го утврдува идентитетот на Гоце Делечев, туку да се постигне договор тој заедно да се чествува.

-Архивска документација за Гоце Делчев постои. Постојат документи во кои тој се декларирал како Бугарин. Но, постојат и документи во кои Гоце Делчев зборува за Македонци, Македонки, за држава Македонија. Овој спор ќе се реши само ако се напуштат тврдите ставови. Треба да го чествуваме заеднички и да се земат предвид двете перцепции – истакна професорот Ѓоргиев.

Тој очекува Комисијата наскоро да продолжи со работа и најави дека македонскиот тим ќе се сретне со бугарските колеги на крајот на септември или почетокот на октомври.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •