јуни 6, 2023

Федерализација на дело

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, вчера одржал заедничка средба со Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија и со Фрек Јанмаат, шеф на економскиот оддел во Делегацијата на ЕУ.

Нам веднаш во очи ни падна албанското знаме поставено на масата. Пред очите на високите гости од ЕУ Делегацијата во Скопје, министерот го прекршува Законот за употреба на знамињата. Имено, законот предвидува употреба на знаме на други заедници во Република Македонија само во локалните самоуправи, и тоа доколку припадниците на таа заедница се повеќе од 50 % од населението во таа општина.

*Фотографиите се преземени од веб страницата на МИОА

За авторот

Сподели