јуни 6, 2023

Субвенции за приватни фирми ако вработат припадници на малцинствата

Артан Груби

Владата ќе разгледа мерка за субвенционирање на приватни компании кои ќе вработат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници, најави првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби на ТВ 21.

-Доколку приватни компании вработуваат Албанци или граѓани од другите помали етнички заедници ќе ја разгледаме можноста да ги субвенционираме овие компании. Сите компании кои ќе ја запазат правичната застапеност ќе бидат помогнати од владата –  потенцираше првиот вицепремиер.

Тој најави дека ќе биде познат имотот и приходите на сите функционери и доколку дојде до несовпаѓање, како што рече, соодветно ќе се реагира.

За авторот

Сподели