Русија ќе и продаде 100 милиони дози вакцини на Индија

Вакцина
Се очекува да следат клинички испитувања на руската вакцина во Индија.
Руската Спутник V е прва регистрирана вакцина против корона вирус. Рускиот државен инвестициски фонд постигна договор за продажба на сто милиони дози на руската вакцина против КОВИД 19, Спутник V, на фармацевтска компанија во Индија, изјави денес извор запознаен со договорот. Клиничките испитувања на руската вакцина во Индија се очекува да следат и ќе бидат спроведени од индиската компанија која ја купува вакцината, рече изворот. Тестовите и договорите за набавка се предмет на одобрување на индиските регулаторни тела.
Постигнати договори
Рускиот државен инвестициски фонд веќе постигнал договори за набавка на руски вакцини со Казахстан, Бразил и Мексико. Претходно беше постигнат и договор за партнерство во производството на триста милиони дози вакцина Спутник-В во Индија. Фондот ќе го објави името на компанијата подоцна денес, рече изворот. Руски Спутник V е првата регистрирана вакцина против коронанвирус. Големи клинички испитувања, односно фаза III, со најмалку 40.000 учесници, започна Русија на 26 август, но испитувањата сè уште не се завршени.