октомври 26, 2020

КАНЗУРОВ ЗА ТВ 24: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е НОВ, ГО НЕМАЛО ВО 19 ВЕК, НИТУ ВО СРЕДНИОТ (видео)

Новинарот Виктор Канзуров во гостувањето во 24 анализа на тема македонско бугарски односи, предизвика жестока расправа дека дел од македонските револуционери биле со бугарско потекло признаени во цел свет.

„Димитар Влахов се смета за позитивна личност во Македонија. Тој во весникот Македонско дело во 1928 вели дека Гоце Делчев по народност е бугарин, но вели и дека е македонец и не е националист.“ – вели Канзуров.

Канзуров смета дека во Бугарија нема емисија на телевизија посветена на Македонија.

„Барањето погрешно се пренесува, не се навлегува во денешното определување на граѓаните, ниту се негира националното чувство, ниту јазикот не се негира. На повеќето Бугари им е јасно дека тука народот е дел пријателски настроен, а дел е со омраза. Се работи само за толкувањето на историјата.“ – вели Канзуров.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •