октомври 20, 2020

Зголемување на бројот на случаи во Европа, но не и во Шведска

Додека многу европски земји бележат ново зголемување на бројот на случаи на нивоа кои не се забележани од врвот на пандемијата на ковид-19, Шведска има една од најниските стапки на инфекции на континентот. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), скандинавската земја во вторникот имала кумулативна 14-дневна стапка на нови случаи од 22,2 на 100,000 жители. За споредба, Шпанија има стапка од 279, Франција 158,5, Чешка 118, Белгија 77, Велика Британија 59 и сите споменати земји пролетта, за разлика од шведскиот благ пристап, имаа блокада, пишува Гардијан.

Дури 23 од 31 европска земја следени од ЕЦДЦ имале повисоки стапки на инфекција. Новите случаи, сега пријавени во Шведска од вторник до петок, се појавуваат на приближно ниво од крајот на март, а податоците од Националната агенција за јавно здравје покажуваат дека само 1,2 проценти од минатонеделните 120 000 тестови биле позитивни.

Тегнел: Немаме ширење на инфекцијата

Шведска исто така има помалку нови инфекции дневно од нејзините нордиски соседи Норвешка и Данска. Во моментов, 15 пациенти со ковид-19 се на интензивна нега во шведските болници. “Немаме ново ширење на инфекцијата како што имаат многу други земји. На крајот ќе ја видиме разликата помеѓу стратегијата што е одржлива и што може да се следи на долг рок, наместо стратегија што носи заклучување, потоа отворање, потоа заклучување и така натаму од нула”, рече тој. Андерс Тегнел, главен епидемиолог во Шведска и архитект на стратегијата без заклучување, за француската телевизиска компанија Франс-24, додаде дека неговата земја е генерално задоволна од целокупната стратегија.

Не се препорачуваат маски, забранети се собири на повеќе од 50 лица

За разлика од многу земји, Шведска ги затвори училиштата за ученици постари од 16 години, но не и за помладите, инсистирајќи да посетуваат настава. Училиштата и универзитетите сега се повторно отворени. Забранети се и собири на повеќе од 50 лица, а самоизолацијата се препорачува за лица постари од 70 години и ризични групи. Од шведското население беше побарано, но не беше наредено да одржуваат физичка дистанца и да работат од дома, ако е можно, што мнозинството го прифати. Продавниците, баровите, рестораните и спортските сали останаа отворени, а маските се уште не се препорачуваат, пишува Гардијан.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •