Заев на средба со Мицотакис, владиниот тим бара поддршка за старт на преговорите со ЕУ (видео)

Мицотакис Заев
Премиерот Заев очекува Грција да биде земјата главен лобист за успешен старт на преговарачкиот процес на Македонија со Европската унија. Ова попладнево го истакна најпрво на средбата со грчката претседателка, а веднаш потоа и за време на работниот ручек со неговиот грчки колега Мицотакис во Атина.
И на двете средби било заклучено дека договорот од Преспа освен што го реши 3 деценискиот спор, во исто време ја направи Грција главен поддржувач на европската интеграција на Македонија, нешто што беше незамисливо пред овој договор.
Очекувањето Македонија да ги стртува преговорите до крајот на годината, премиерот Заев го истакна и за време на конференцијата која утрово ја организираше угледниот магазин Економист.
Заев и Мицотакис заклучиле дека преку договорот од Преспа треба да се решаваат историските, образовните и археолошките прашања, а ќе се бараат и решенија за заштитните марки, имињата на брендовите и начин да се избегне двојното одданочување. Сето ова ќе биде и во фокусот на средбите на минисерот Османи и вицепремиерот Димитров со нивните грчки колеги.
Грција е првата земја на агендата на Заев по изборите во Македонија, каде ја оствари третата средба со Мицотакис откако тој ја превзема функцијата.