јуни 5, 2023

Шекеринска и Царовска бараат советници на оглас

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерката за образование Мила Царовска бараат по тројца нови советници, според огласите кои ги објавија ресорите по завршувањето на парламентарните избори и формирањето на новата Влада.

Царовска има потреба од по еден советник за образовни политики, за буџетска координација и за односи со јавност. Вработувањата се на определен период до завршување на четиригодишниот мандат, а нето-платите се од 50 до 60 илјади денари месечно..

Иако во министерството за одбрана нема промена на чели на ресорот и таму и натаму Шекеринска останува на својата позиција како и претходниот мандат,  се бара дополнување на тимот со советници за политички прашања и надоврешна политика. Платите се движат 35.000 до 50.000 денари.

За авторот

Сподели