јуни 6, 2023

Резервниот состав на руската армија е повлечен од руско – белоруската граница

Путин и Лукашенко се состанаа во руското одморалиште Сочи, каде Лукашенко дојде да бара поддршка. Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко се согласија Москва да ја повлече воената резерва распоредена на границата со Белорусија, изјави портпаролот на Кремљ, јави ТАСС.

Путин и Лукашенко се состанаа во руското одморалиште Сочи, каде Лукашенко дојде за поддршка, бидејќи се соочува со масовни протести што започнаа по претседателските избори на 9 август, за кои опозицијата тврди дека биле наместени. „Важен резултат од разговорите меѓу двајцата претседатели во Сочи е договорот Русија да го повлече резервниот состав на припадниците на безбедносните сили и Националната гарда, кои беа распоредени во близина на руско-белоруската граница и да ги повлече луѓето во постојаните бази“, рече Дмитриј Песков.

Руски заем за Белорусија

Претходно беше објавено дека Русија има намера да и обезбеди на Белорусија државен заем од 1,5 милијарди долари. Ова го потврди рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со белорускиот претседател Лукашенко вчера. Путин потсети дека рускиот премиер Михаил Мишустин претходно имал успешни преговори во Минск за сите области на соработка меѓу двете земји, вклучувајќи ги и финансиските. Тој рече дека очекува информациите за заемот да се рефлектираат на финансискиот пазар.

Европската унија воведе санкции за неколку белоруски дипломати откако полицијата уапси стотици демонстранти кои се противат на шестиот претседателски мандат на Александар Лукашенко. Белорускиот претседател ги обвини демонстрантите за предизвикување нереди во земјата, додека ги обвини западните земји за поттикнување демонстрациите.

За авторот

Сподели