мај 28, 2023

Неколку прашања до квази-интелектуалците

Неколку прашања до квази-интелектуалците Тони Дескоски и Биљана Ванковска, кои гледам се согласуваат дека Сонцето ‘од Вергина’ не било македонски национален симбол, туку грчки, пред ‘непромислено’ да се усвои како официјално знаме на Република Македонија во 1992:

  1. Како воопшто дојде до тоа Сонцето да се предложи за државно знаме на Република Македонија, на местото на комунистичкото? Од кога се користи знамето со Сонцето меѓу Македонците во дијаспората, во Пирин, Егеј и Мала Преспа, при застапувањето на македонските права и слободи? И зошто таму Македонците не престанаа да го користат кога квислиншката власта на Киро Глигоров и СДС се откажа од него како наводен грчки симбол? Дали случајно се користеше истото знаме и на основачкиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, под водство на подоцна одродениот Љубчо Георгиевски, кој сега глуми амнезија и експертски историчар по грчки терк, како Дескоски и Ванковска? Кога веќе глумат експерти по античка историја, ај нека ни кажат малку за современата.
  2. Кога прв пат се користело ‘сонцето од Вергина’ како грчки национален симбол? Каде?
  3. Дали во времето на Александар Македонски воопшто постоела нација наречена Грција, Грци, Елас или Елада? Дали во современите преводи на дела од античките Атински автори може да се најде таква НАЦИЈА? Или во некои мапи или археолошки пронајдоци од тој период? Кога воопшто се појавува таква нација или етнос со документиран изворен доказ од истиот период во кој се појавува (за разлика од современи тези и конструкции пишувани од квази-научници и цицачи од државна дојка, како Дескоски и Ванковска)?
  4. Кога пак боите и крстот од грчкото знаме биле грчки национални симболи пред да се усвои тоа знаме? Се побуниле ли Дескоски и Ванковска и останатите од нивниот сој за таквата узурпација на крстот и сино-белата комбинација на бои? Или пак забележале ли воопшто дека на грчкото национално знаме нема грчки национални симболи?
  5. Кога се користела петокраката како македонски национален симбол пред да се усвои како дел од знамето на Народна/Социјалистичка Република Македонија? Се побунил ли некој за узурпација на петокраката?
  6. Кога се користел вентилаторот од знамето на Северната дивотворба како македонски национален симбол пред да биде насилно наметнат како замена на единственото легитимно знаме на Република Македонија, од страна на квислиншката власт на Киро Глигоров и Бранко Црвенковски, која направи масовен изборен фалсификат за да добие дво-третинско мнозинство со кое би ги задоволила антимакедонските ставови на Грција, за прв пат зацртани во Времената спогодба, а подоцна запечатени со Преспанскиот договор и прогласувањето на Северната дивотворба?

Автор: Игор Аврамовски Александров

За авторот

Сподели