октомври 30, 2020

Маричиќ повторно ќе бара екстрадиција на Груевски

Бојан Маричиќ

Министерството за правда во наредниот период ќе испрати нови барања за екстрадиција на сторители на кривични дела, за кои има нови околности или обвиненија. Во врска со екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски тој истакна оти е одлука на унгарската Влада да не го екстрадира.

-Ние последниве три недели немаме добиено никакви нови одговори. Мислам дека претходно во два наврата имаме побарано екстрадиција, сега ќе побараме повторно согласно новите околности и обвиненија. Одговорите се секогаш исти, мислам дека тоа е нивна и политичка проценка и одлука на унгарската Влада за задржување на бегалецот Груевски, рече министерот за правда.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •