Адеми: На координација кај Џафери сите партии беа против укинување на патните трошоци

Арбр Адеми
Арбр Адеми од ДУИ во вечерашната дебата на телевизија Телма откри дека сите партии биле против укинување на патните трошоци.
-Јас бев на координација кај претседателот на Собранието. Сите, од сите партии, беа против укинување на патните трошоци и други бенефиции на пратениците. Ние овдека можеме да зборуваме дали сме за или против, но јас сакам да ја пренесам таа атмосфера, рече Адеми.
На дебата учествуваа и Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и Дамјан Манчевски од СДСМ. Меѓу гостите немаше жестока дебата кога стануваше збор за патните трошоци. Сите беа на слична бранова должина и тврдеа дека се за наоѓање решение, но исто така и се правдаа дека патните трошоци за пратениците од внатрешноста се реални.
За авторот
Сподели