октомври 21, 2020

Црквата во Курбиново чека реставрација

Црква Св. Ѓорѓија, Курбиново. о. 1190 година, или попозната како црква каде е живописан „ангелот од 50-денарката“.

Левиот е предметниот и споменатиот ангел.

Вистински бисер на средновековната уметност и традиции во Македонија, која по своето значење ги надминува македонските граници и спаѓа во самиот врв на европското, па и светското културно наследство.
Во состојба за почеток на реставрирање и обновување стои веќе 6 години (колку што ми е познато), а во буквална смисла „плаче“ за обновување повеќе од 30-те години „самостојност“ на Македонија (вашата, нашата, сечијата, а испаѓа ничијата). После емисијата на ТВ Алфа и гостувањето на г-дин Ратајковски, излезе некакво владино соопштение дека со реставрацијата се почнало и …. Толку, замреа прашањата и гласините.

Вистината е: НЕМА ПОЧЕТОК НА РЕСТАВРИРАЊЕ и НЕМА РЕСТАВРИРАЊЕ.

Информации од терен и неврзани разговори со одговорни лица: се чекал новиот министер/ка да ја зафати позицијата и да се почне, а тие чекале, претпоставувам во „низок старт“.

Прашувам: А што правите додека нема министер, за што добивате плата?
Кои се вашите задолженија и кога има министер па сега да чекате да почните со работа?
И како, кога и каде ги обучувате реставраторите?

Киро Мавровски, Македонија во боја.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •