октомври 27, 2020

Сагата продолжува: Јанева го тужи Боки 13 дека ја снимал додека лежела со купче пари

Јанева е првостепено осудена на 7-годишна затворска казна, а Јовановски на 9 години казна затвор и двајцата за предметот „Рекет“.

Во Кривичен суд денеска треба да се одржи рочиште за предмет во кој поранешната специјална обвинителка Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски – Боки 13 за нелегално снимање.

Тужбата е поради фотографијата која беше презентирана како доказ во предметот „Рекет“ по вештачењето на мобилниот телефон на Боки-13 во истиот предмет, на која се гледа Јанева со пари, а која наводно ја снимил Јовановски.

Јанева е првостепено осудена на 7-годишна затворска казна, а Јовановски на 9 години казна затвор и двајцата за предметот „Рекет“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •