октомври 25, 2020

Нови пониски цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,93 осто. 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1),  се намалуваат за 1,50 ден/лит и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 ден/кг и ќе изнесува 24,549 ден/кг.

Од 15.09.2020 годинаод 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95  58,50(денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  60,50(денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  49,00(денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  49,00(денари/литар)

Мазут М-1 НС    24,549(денари/килограм)

Воизминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа: на бензинот за 5,950%,на дизелотза 9,999%,на екстра лесното масло за9,239 %, ина мазутот за9,018% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисокза 0,496%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.09.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •