јуни 5, 2023

ВМРО-ДПМНЕ: Гоце е црвената линија за нашето достоинство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево најави нов протест на ВМРО-ДПМНЕ во вторник, во 18:30 часот од Министерството за правда, мостот “Гоце Делчев”, до МНР. Протестот ќе биде за Гоце Делчев.-Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите.Европската Унија, од која секој ден сме се подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови.Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно.Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот. Власта да има во предвид колку е важен супстратот за кој разговараат.Ова е протест на народот, целта е ЗА ЕУ, ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗА ДЕЛЧЕВ.Гоце е црвената линија за нашето достоинство.Се гледаме!, порача Мицкоски.

За авторот

Сподели