јуни 6, 2023

Бектеши: Честито фабрика за седишта за возови во Тетово

Крешник Бектеши, министерот за економија, на својот профил на Фејсбук објави дека е постигнат договор со странски инвеститор за отворање на фабрика за производство на седишта за возовои во тетово.

„Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово! Фабрика во вредност од 3.5 м Евра за производство на седишта за возови, која ќе отвори над 300 нови работни места. Честито!“, објави Бектеши.

Сепак, министерот не го именува инвеститорот, односно не го открива идентитетот на компанијата.

За авторот

Сподели