Словените на Балканот

Надоаѓањето на словените низ цела Европа не значи дека тука претходно не живеел никој. На територијата на Македонија живееле Македонци, и се случило МЕШАЊЕ на населението, а не негово етничко чистење. Еве пример, кога Европјаните ја окупирале Америка, тие не се ИЗМЕШАЛЕ со староседелците – Индијанци, туку извршиле тотален геноцид врз нив. Кај нас тоа не е случај, ниту е забележан како историски факт.
Македонците го продолжиле својот континуитет. Грците, во тоа време, немаат своја држава, туку градови држави. Постојат бројни научни докази дека тогашните грчки градови-држави немале ништо заедничко со Македонците. Напротив, постојат записи дека ги мразеле и ги нарекувале варвари (објаснето во Филипиките на Демостен). Друг проблем е што после окупацијата на Грција на Егејска Македонија, Грците вршат геноцид и протерување на Македонците од тие простори, населувајќи Грци (Турско-Грчкиот договор), а воедно ги уништуваат сите записи кои ги нашле од тоа време. За среќа македонскиот народ има колективна меморија која се пренесува од колено на колено, а најмногу низ фолклорот. И токму затоа Македонското востание во Кресна се објавува како војска на Александар Македонски.
Еве како Демостен го дефинира Филип II Македонски: “Филип не е Хелен, тој нема ништо хеленско во него, тој е варварин кој доаѓа од земја, за која не може да се каже ништо убаво, тој е Македон!”.

Гледајќи од странски извори, работата е уште појасна. Еве на пример германската и италијанската наука прави јасна дистинкција помеѓу македонското царство и Грците. Тоа е илустрирано и на овие слики од германски и италијански извори. Преспанската капитулација на Грците им отвори врата да можат да влијаат и кај странците за да се преправи историскиот тек и да ги прикажат Македонците како Грци.
Сонцето од Кутлеш е македонски симбол. Ниту некогаш бил грчки, ниту ќе биде. Проблемот е во тоа што во спорот владеат сосема други сили. Еве поставете си едно вакво хипотетичко прашање: дали ако Македонија беше силна како Турција ќе постоеше овој проблем?! Проблемот повеќе го гледам во тоа што ние самите се откажуваме од она што го носиме како историско бреме, неважно дали е добро или лошо.



Спорот во Хаг го добивме затоа што во судот владееја правни, а не политички сили, инаку ќе беше поинаку, нели. Затоа немаше никаква имплементација на одлуката, ниту некаков бенефит од неа.
Правото на Македонците на историски континуитет не може да го оспори никој, освен ние самите. И за жал тоа се случува. Не можеш да бидеш Македонец од 44-та. Ако така гледаш на работите, за брзо ќе одиме јабана и како народ и како држава. Барем онаква каква што ја познаваме. Затоа и се роди оваа северна креатура. И затоа сега се отворија други проблеми со другите соседи. Непромислена политика и тогаш и сега нè води кон пропаст.
Nomen est omen!
п.с.. La Macedonia oggi во превод значи денешна Македонија.
Автор: Роберт Милески