мај 28, 2023

Мицотакис објави како ќе ја зајакне војската, се зголемува и бројот на војници

Грција ќе ги зајакне своите оружени сили со купување нови оружени системи и со зголемување на бројот на професионалните војници за 15.000 во текот на следните пет години.

Сподели
 
 
 
   

Ова го најави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, во ситуација на засилени тензии меѓу Грција и Турција во источниот Медитеран.

Конкретно, Грција ќе набави 18 борбени авиони ловци „рафал“, кои ќе ги заменат веќе застарените „мираж 2000“, како и четири нови фрегати, со ремонт на постоечките четири, потоа четири поморски хеликоптери „ромео“, противтенковско вооружување за копнените сили, торпеда за воената морнарица и проектили на наведување за военото воздухопловство, јавува Катимерини.

Мицотакис ова го најави вчера, во говор со кој требаше да го отвори Меѓународниот саем во Солун, кој поради пандемијата на коронавирусот е откажан, но грчкиот премиер сепак го најави планот за економската политика за следната година.

Тој истакна и дека грчката економија ќе добие финансиска инјекција вредна 6,8 милијарди евра, и истакна дека промената на приоритетите во корист на трошоците за одбраната не значи и промена на економските цели.

За авторот

Сподели