октомври 25, 2020

Хајредини и порачува на Владата да престане да се фали и да се фати за работа

Ребаланс на Буџетот ќе има прецизираше владата но кога тој ќе се случи зависи од повеќе фактори . Според најавите на првите луѓе од  економскиот тим  ќе следи откако ќе се направат калкулациите за расходната страна на сите институции. Ова синоќа во ЕУ-Клик уште еднаш го  потврди вицепремиерот за економски прашања- Фатмир Битиќи

Се очекуваше ребалансот  на Буџетот велат економистите. Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини укажува на акутната потреба Владата со време да разгледа каде најпрво треба да се дејствува.- Реклама –

Хајредини позитивно ги оценува напорите на владата да помогне на најзагрозените слоеви на населението во услови на пандемија. Сепак предупредува дека ова не е време за фалби туку за работа на дело.

Поранешниот министер за финансии предупредува дека ситуацијата во економскиот сектор е драматична и тоа кај сите категории и задача на владата и ресорните министерства е подобрување  на општата економска ситуација. Сега не е време за припишување на лични успеси советува  Хајредини. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •