октомври 23, 2020

Тетово нема вода за пиење, канализација и места за паркирање, ама ќе гради 30 нови станбени згради

Невладината организација Еко Герила бара истрага против Општина Тетово, во врска со одобрување на деталниот урбанистички план. Тој предвидува изградба на станбени згради на местото на некогашната фабрика Шик Јелак. Аријанит Џафери вели дека Обвинителството треба да го испита, како што вели, нетранспарентното одобрување на планот во општината.

„Неодамнешните информации во врска со продажбата на имотот на Шик Јелак во Тетово, заедно со сомнителните околности од прислушкувањата слушнати од контроверзниот српско-црногорски бизнисмен, претставуваат доволна основа за истрага на овој случај и замрзнување на сите понатамошни постапки во урбанизацијата на урбаниот блок 57A. Во отсуство на вода за пиење, водоводна мрежа, канализација, места за паркирање, колективни гаражи, булевари, кружни текови, проценуваме дека градот Тетово е далеку од инфраструктурниот капацитет за изградба на станбени и деловни комплекси во рамките на градот. Неприфатливо е да се градат 30 нови станбени згради на влезот на градот, во хаотичен град од сите аспекти, без основни услови, каде што очигледно недостасуваат паркови и рекреативни простори“, рече Аријанит Џафери, Еко Герила.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •