октомври 25, 2020

Села: Нема шанси тројца пратеници од опозицијата да дадат поддршка на власта

Во јавноста се’ уште не се познати имињата на тројцата пратеници,  кои, како што изјави премирот Зоран Заев даваат поддршка на владејачкото мнозинство, со што сега го чинат 65 пратеници.

-Нема ниту теоретски можности тоа да се пратеници од нашата партија, а не верувам дека тоа се некои од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците.

Ова беше одговорот на Села, прашан од новинарите на седницата на највисокото партиски тело, на кое тој ја понуди својата оставка како морален чин.

Сепак, тој останува претседател, откако мнозинството во Централното собрание не ја прифати оставката. Собранието одлучи од партијата да ги отстрани претседателите на ограноците од Тетово и Долнени, поради тоа сорабале со Беса, со  што го прекршиле партискиот статут.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •