Песочна бура ја прекри Анкара

Огромни облаци прашина денес ја прекрија Анкара, главниот град на Турција, отежнувајќи го секојдневниот живот во метрополата, јави агенцијата Анадолу.
Гувернерот на Анкара Васип Сахин изјави дека првите извештаи покажуваат дека шест лица се полесно повредени откако ги погодиле предмети носени од ветерот.
„Засега немаме извештаи за губење човечки животи или имот“, кажа Сахин.
Песочната бура прво го зафати местото Полатли, а потоа и целиот град.
Мурсел Јилдизкаја, градоначалникот на Полатли, изјави дека целиот кварт е прекриен со облак прашина и дека избиле неколку помали пожари поради удар на гром, но набрзо биле изгасени.
За авторот
Сподели