јуни 7, 2023

На Канарските острови запленет околу еден тон кокаин

Во меѓународната истрага „Фалкуша“ по иницијатива на хрватската полиција, на Канарските острови е запленет скоро еден тон кокаин.

Сподели
 
 
 
   

Уличната вредност на запленетиот кокаин е околу 40 милиони евра соопшти Министерството за внатрешни работи на Хрватска.

Во меѓународната полициска акција против криминални ќелии од т.н „Балкански картел“ специјализиран за давање „услуги“ за кријумчарење на поголеми количини на кокаин, со едрилици и јахти учествувале Шпанската полициска гарда, француската царина, хрватската полиција, ЕУРОПОЛ, ДЕА во Загреб, британската НЦА и холандската полиција.

Според наводите во координирана акција на 8 семптеври во меѓународни води тим на шпанската Цивилна гарда пресретнал едрилица на која при претресот на Канарските острови се пронајдени 980 килограми кокаин наменет за европскиот пазар вреден повеќе од 40 милиони евра.

За авторот

Сподели