мај 28, 2023

Македонија е федерација ама уште и немаат кажано

Дека Античките Македонци се Грци е митот на кој Грција го темели правото да ја поседува Егејска Македонија, а и Гевгелија и Битола.

Дека Илирите се Албанци е митот на кој се темели идејата за Голема Албанија (Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, пола Скопје и фазла, па накај Куманово и Велешко).

Дека целото население кое влегло во рамки на средновековната феудална држава, Кралство Србија, е српско е митот на кој се темели идејата за Голема Србија во која по територија влегува цела денешна Македонија.

Дека целото население кое влегло во рамките на средновековната феудална држава, Бугарско царство, е бугарско е митот на кој се темели идејата за Голема Бугарија, во која по територија влегува цела денешна Македонија.

На основа на овие митови, а со желба за големи држави се водеа не една, не две, не три ами четири војни (две балкански и две светски). Позади овие идиотштини на малите балкански држави секогаш стоеја големите сили. И на крај никој не беше задоволен од територијалниот исход.

Ситуацијата денес е речиси идентична. Наместо да се каже јасно и гласно стоп на овие идиотштини, СДССМ во оваа игра влезе, како што вика Заев, алл ин со сите џокари и ќецеви. Со Преспанскиот договор се прифати една расистичка позиција дека од Гевгелија нагоре живеат чистокрвни Словени, а од Гевгелија надолу живеат Антички Македонци кои патем се чисти Грци. Се затвори вратата за малцински права за Македонците во Грција, а се отвори врата за идна анексија на Битола и Гевгелија. Со Договорот со Бугарија се прифати заедничка историја. Во превод Македонците треба да прифатат дека до 1944 биле Бугари, а во 1944 Тито им го испрал мозокот па заборавиле дека се Бугари. А штом Македонците се Бугари еве го основот за Голема Бугарија.

Во случајот со Голема Албанија кумуваа и ДПМНЕ и СДССМ. Прво се направи територијална реорганизација на национална основа, ова од СДССМ (федерален принцип). Потоа се бираа судии на национален основ, ова и двете (федерален принцип). Потоа се направи Мајски договор, победникот на избори кај Македонците и победникот кај Албанците да прават влада, ова ДПМНЕ (федерален принцип). По ова имавме два премиера од кој едниот во сенка. Потоа се воведе двојазичност (федерален принцип) и сега најново е што имаме двајца премиери, еден Албанец и еден Македонец, кои ќе решаваат консензуално (уште еден федерален принцип). Во превод Македонија е федерација ама уште немаат и кажано. Со сето ова патот е отворен за официјализирање на федерацијата, а потоа и Голема Албанија.
Единствено Србија е најмлитава во игранкава. Дали оти си имаат проблем со Косово, дали оти не се во позиција да не уценуваат, дали поради заедничкиот живот во Југославија или пак сите заедно, они си знаат.

Но патот за нова поделба на Македонија во која ќе се судрат желбите за големи држави, во превод НОВА ВОЈНА, е не поплочен, ами асфалтиран. И тоа правиме муабет за автопат со по три ленти и една гратис за возење без ограничување на брзина. Оваа последнава ја додаде СДССМ во рок од само три години. А во позадина нормално пак стојат големите сили.

Си сменивте името, си сменивте знамето, сега е ред да си смените историјата(sic). После иде ред на де јуре федерализација и на крај нова војна. А разбира се, се во име на НАТО, ЕУ и Меџународната.

Отворете очи да не биде после јеби га!

Фејсбук статус на Саше Јанчев

За авторот

Сподели