мај 28, 2023

Колинда Грабар – Китаровиќ оперирана во КБЦ Загреб

Поранешната претседателка на Република Хрватска и членка на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Колинда Грабар-Китаровиќ е оперирана денеска во Клиничкиот болнички центар во Загреб.

Таа имала операција на дискус хернија на цервикалниот ’рбетм, а како што пишува „Јутарњи лист“ операцијата поминала добро и во сабота Грабар-Китаровиќ ќе биде пуштена од болница.

Закрепнувањето од операцијата ќе трае повеќе месеци.

За авторот

Сподели