јуни 6, 2023

Извештај на Стејт Департментот за Македонија: Корупцијата и селективната правда остануваат горливи проблеми

Социјалната и економската криза предизвикана од КОВИД-19 ќе има длабоки влијанија врз економијата на државата и способноста да ги апсорбира странските инвестиции. Додека се ажурираше извештајот за оваа година, бизнисите отпуштаа вработени, производството беше насочено кон неопходните потреби. Вирусот најверојатно ќе има огромни, иако во моментов нејасни, влијанија врз економијата во 2020 година и понатаму.

Извештајот за деловно работење (Doing business) на Светска банка во 2020 година ја стави државата на 78-то место во светот за започнување бизнис, за 31 место подоле од 2019 година.

Бизнисмените се жалат дека долгите и скапи трговски спорови преку судскиот систем создаваат правна несигурност. Бројни меѓународни извештаи забележуваат дека владеењето на правото останува клучен предизвик, посочувајќи ја несоодветната извршна контрола врз судството и лошото финансирање на административните судови како големи пречки.

Деловната заедница често се жали дека Државниот завод за индустриска сопственост не регистрира патенти или не презема мерки за спроведување патенти навремено.

Додека државата има воспоставено многу закони за заштита на интелектуалната сопственост, прекршувањето е чест пример и судскиот систем треба да се подобри. Владата користеше нелиценцирани софтверски производи на „Мајкрософт“ и, на почетокот на 2018 година, владата започна разговори за решавање на проблемот. Од март 2020 година, владата продолжи да користи нелиценциран софтвер низ нејзините институции.

Во минатото, владата не успеа целосно да ги спроведе законите поврзани со работничките права, заштитата на потрошувачите, заштитата на животната средина и другите закони и регулативи наменети за заштита на поединците од неповолни деловни влијанија.

Спроведувањето на законите за борба против корупцијата се слаби и селективно насочени кон владините критичари и прекршителите на ниско ниво. Има веродостојни обвинувања за корупција при спроведувањето на законите, судството и многу други сектори.

Специјалното обвинителство (СЈО) е основано во 2015 година за да ги испита случаите поврзани со скандалот со прислушувањето, кој откри голема злоупотреба на службената положба од јавни службеници, вклучително и наводна корупција при јавни тендери. Откако Главниот специјален обвинител беше обвинет за корупциски скандал во ноември 2019 година, сите случаи беа пренесени во Обвинителството за организиран криминал и корупција на Јавното обвинителство. Транспаренси Интернешнл ја рангираше држават на 106-то место од вкупно 180 земји на Индексот за перцепција на корупцијата во 2019 година, што претставува пад од 13 места, по скандалот со корупцијата во СЈО.

Многу бизниси кои работат, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството, стои во извештајот на Стејт департментот.

За авторот

Сподели