октомври 26, 2020

За четири месеци изречени на 51 илјади казни за неносење на заштитна маска

Од почетокот на мај до сега на територија на цела држава изречени се вкупно  51 224 илјади казни за неносење заштитна маска. Толку граѓани се санкционирани од страна на МВР кои не ги почитувале препораките на надлежните за превенција и заштита од Ковид 19. Граѓаните кои биле затекнати без заштитна маска во затворена просторија или пак  на отворено а не држеле ниту растојание од други граѓани и биле повторно без заштита на пределот на устата и носот добиле парична казна од 1200 денари, но доколку граѓаните ја платат казната во рок од седум дена тогаш треба да платат половина од сумата, односно 600 денари. Секој ден во просек се казнуваат околу 300 лица кои не носат заштитна маска.

Од МВР велат дека станувало збор за голем број прекршоци па нивното статистичко обработување околу наплатата  не било завршено. И од  Министерството за финансии од каде изјавија дека на една сметка легнувале парите кои граѓаните ги плаќаат за  сите прекршоци па било невозможно да се оддели бројот на оние кои платиле казни за неносење на маски. Најмногу казни се напишани во Скопје речиси 15 илјади, а најмалку во Куманово – речиси 2000.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •