октомври 25, 2020

Заев за административците: И да не се добри работници во 8 часа ќе смислат нешто и ќе сработаат за пет работни дена !!!

Премиерот Зоран Заев вели дека огромен процент од државната администрација не си ја изработува платата која ја зема, во синоќешното гостување во емисијата „Отворено студио“ на националниот сервис МРТВ. Тој кажа дека луѓето му замеруваат дека администрацијата не работи, а и самиот се пожали дека административците не седат на работа 8 часа, колку што им е работното време.

„Не може сабајле од 8 саат, или 8 и пол, одиме кафето да го испиеме, муабет, весник да прочитаме, да искоментираме и надвор. Замеруваат луѓето, ни кажуваат администрацијата ви шета, не работи, а најголем дел од парите од буџетот одат за администрација. 8 саата е работно време, значи и да не е добар работник, ако седи 8 саата работно време, па ќе смисли, ќе сработи некој предмет повеќе“, кажа Заев.

Како пример, тој кажа дека во владата пред година дена поставиле комплетен механизам за следење на работата на администрацијата во генералниот секретаријат и во кабинетот на премиерот.

„Кога дојдов како премиер, сите останаа да работат. Врзан е целиот систем со предмети во архива и ако немаше предмет, немаш во архива задолжено предмет, немаш што да работиш. Ти можеш да се отчукуваш со картичката секое сабајле и поручек, ама ништо не си сработил и огромен е процентот на луѓе кои таа година не работеле ништо. Што треба да направи премиерот, да има каже ‘фала дечки, нема потреба од вашето работно место. Или нема предмети за вас или не сте ги работеле предметите’. Ние велиме платата да стигне 34 илјади денари, тоа се 555 евра, кои сме ги димензионирале како просечна плата, но треба да ја сработиме таа плата. Рака на срце, има луѓе кои земаат 40 илјади денари, а работат за 80 илјади, но огромен процент не си ја изработуваат платата која ја добиваат“, додаде Заев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •