октомври 25, 2020

ВМРО-ДПМНЕ: Бислимовски е незаконски претседател на Регулаторната комисија

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, е незаконски поставен на функцијата, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Бислимовски бил член на партиските тела, Заев кршејќи закон го ставил на чело на Регулаторна да поскапува струја

Марко Бислимовски не е независен и професионален, тој е партиски функционер на СДСМ, кој ги исполнува барањата и желбите на Зоран Заев.

Марко Бислимовски во 2011 година бил избран за член на Економско – Социјалниот Совет на СДСМ, партиски орган и комисија. Бислимовски е партиско лице, и од таму не може да биде независен експерт кој ќе ги претставува граѓаните, туку партиски функционер кој се грижи за бизнис интересите на Заеви.

Марко Бислимовски го крши законот за енергетика и чл. 17 ст. 5 од истиот, кој е дециден дека Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика не смее да биде функционер во политичка партија. Марко Бислимовски е функционер во политичка партија.

Самото именување на Марко Бислимовски за Претседател на РКЕ е кршење на Законот за енергетика. И тука одговорност сноси предлагачот.

Марко Бислимовски е незаконски претседател на РКЕ. Според чл.19 ст.6 т.2 од Законот за енергетика кој вели дека на Претседателот на РКЕ може да биде разрешен доколку извршил повреда на обврските за непристрасност и независност. Бислимовски тоа го направил, со самиот факт што е член на партиски орган и со тоа партиски функционер.

Бислимовски е старото лице на СДСМ. Партиски функционери кои се продаваат за независни експерти, а работат исклучиво за свој џеб на штета на народот.

Заев и СДСМ не се решение за проблемот тие се проблемот – наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •