октомври 20, 2020

Џафери: Ако се укинат патните трошоци ќе барам укинување на службените возила на функционерите, па нека се возат со тротинет

Ќе предложам сите во Владата да се откажат од службените возила и секаде да одат со тротинет, ако Владата достави законски измени за понатамошно кратење на трошоците на пратениците, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Џафери вели дека треба да се обезбедат нормални услови за работа и да се има предвид дека пратениците доаѓаат од различни места во државата и дека ги претставуваат гласачите од изборните единици од кои доаѓаат.

„Очекувам да не добијам таков предлог од Владата, а поединечно не очекувам некој да се откаже од тоа право што е регулирано со Уставот.
Ако добијам таков предлог од Владата, јас ќе поднесам предлог сите да се откажат од службените возила и да одат на работа со тротинет. Па, ќе направиме карикатура од државата. Или ќе правиме држава или ќе си поигруваме со популистички политики кои ни носат дневни поени, се закани претседателот на Собранието Џафери.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •