октомври 27, 2020

Укината забраната: Проститутките во Германија се враќаат на своите работни места

Проститутките можат да се вратат на работа во најнаселената германска држава Северна Рајна-Вестфалија. Во меѓувреме, четири северногермански држави исто така ќе ги отстранат своите забрани наскоро, пренесува Дојче Веле.

Борделите во Хамбург, Бремен, Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн можат да продолжат со работа од 15-ти септември.

Забраната за проституција издадена како резултат на кризата со коронавирусите беше поништена во вторникот, по пресудата на Вишиот управен суд на Северна Рајна-Вестфалија во Минстер.

Многу сексуални работнички претрпеа огромна загуба на приходите поради забраната. Несигурната финансиска состојба на индустријата како целина стана очигледна минатата недела кога еден од најголемите европски бордели Паша, во Келн, поднесе барање за банкрот.

Имаше неколку протести низ целата земја, бидејќи сексуалните работници повикуваа на борделите да ги отворат вратите.

Со цел капацитетите повторно да се отворат, поставени се строги правила – маска за лице и забрана за козумирање алкохол. Исто така борделите треба да им претстават на властите концепт за хигиена и безбедност

Практикувањето на проституција во возилата и на отворено останува забрането.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •