Русковска го тужи ВМРО-ДПМНЕ за предизборен спот

Шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска го тужи ВМРО-ДПМНЕ бидејќи нејзиниот лик беше употребен во предизборните спотови, како што вели, во негативна конотација, односно како личност „која е извршител на власта“.
Русковска пред граѓанскиот суд бара отштета од 10.000 евра од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои, ако ги добие, како што изјави за ТВ Телма, ќе ги даде во хуманитарни цели, односно ќе ги донира на СОС Детското село. Судењето почнува на 23 септември, потврди Русковска.
За авторот
Сподели