Почина Нина Спирова

Почина пејачката, Нина Спирова. Таа важи за една од најпознатите пејачки на домашната сцена на сите времиња, а почина на осумдесет и двегодишна возраст.
Спирова остави трајни вредности со своите незаборавни интерпретации на „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди, зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“ и многу други. Сепак, јавноста најмногу ќе ја памети по евергрините „Молчи, молчи“ и „Еден бакнеж“. Инаку, таа се повлече од естрадата во почетокот на осумдесеттите години.
За авторот
Сподели