ноември 25, 2020

Нефи Усеини излезе од притвор, гаранција се дуќаните вредни 850.000 евра

Од судот информираат дела Обвинителството дало позитивно мислење а кривичниот совет на охридскиот суд вчера ја прифатило гаранцијата, и ставена е хипотека на деловниот простор што го понудиле браќата

Укинат е притворот на советникот на ДУИ и бизнисмен Нефи Усеини и неговиот брат Ибро. Од охридскиот суд за Телма потврдиле дека двајцата браќа ќе се бранат од слобода со гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра.

Од судот информираат дела Обвинителството дало позитивно мислење а кривичниот совет на охридскиот суд вчера ја прифатило гаранцијата, и ставена е хипотека на деловниот простор што го понудиле браќата. Станува збор за три споени дуќани со вкупна површина од над 200 метри квадратни во Охрид.

Претходно одбраната нудеше гаранција во кеш од 30 илјади евра за да им биде заменет притворот, но иако охридскиот суд прифати, битолска апелација го укина ваквото решение.

На 22 септември е закажано судењето за насилство.

Според обвинението, браќата го повикале оштетениот на средба во познат охридски хотел, но расправијата почнала уште во автомобилот со кој дошол Топаловски. Продолжиле на паркингот каде вербалната пресметка преминала во физичка.

– На еден од обвинетите од пантолоните му испаднал  тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет. Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде обвинетите  во пределот на главата го удирале и со тврдиот предмет во облик на пиштол.  По извршеното насилство со кое на оштетениот му биле нанесени телесни повреди, обвинетите го напуштиле местото на настанот – соопшти ОЈО Охрид.

На овој начин извршиле грубо насилство врз жртвата а кај присутните гости и вработени во хотелот предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, велат од обвинителството

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •