ноември 28, 2020

На синот на Жан Митрев во Германија му се суди за тероризам, планирал самоубиствен напад во име на ИСИС

Започна судскиот процес во Франкфурт во кој обвинет за тероризам е германскиот државјанин Ф.М. инаку родум од Македонија. Вака изминатава недела почнаа да известуваат дел од германските медиуми за случајот во кој минатата година, во ноември, уапсени беа три лица на возраст од 24, 22 и 21 година од кои останатите двајца биле од Турција.

Информација брзо се прошири по социјалните мрежи, каде се споделени и повеќе фотографии од кои може да се заклучи дека таткото на Филан е д-р Жан Митрев, еден од најпочитуваните лекари кај нас. Објаснувањето е дека Филан е дете на Жан од првиот брак, а нивната врска на социјалните мрежи се „докажуваше“ со објави на кои се гледа осомниченото момче фотографирано заедно со д-р Митрев, а под фотографијата стои опис – „фамилија“.

Во обвинителниот акт се вели дека, Филан Митрев е обвинет за сериозен чин на насилство што ја загрозува државата, за кршење на Законот за воено оружје и за напад. Сега веќе 25-годишното момче е обвинето и за подготовка на самоубиствен напад кој планирал да го изврши врз паб во Заксенхаузен.

Судскиот процес кој започна на 2 септември годинава во регионалниот суд во Франкфурт е детално опишан од страна на германскиот локален медиум.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •