декември 6, 2020

Заев: Спремен сум да се договорам и за Делчев со Бугарија

Решивме три поглавја, пет историски личности наназад, следи четвртото поглавје и шестата историска личност, Гоце Делчев. Договорот нè принудува да наоѓаме заеднички нешта што нè спојуваат – рече Заев во денешното интервју на МРТВ.

Верувам во успешност на разговорите со Бугарија и подготвен сум за постигнување договор помеѓу двете земји, бидјеќи ние сме пријателски народи кои имаат многу заеднички работи од минатото, рече премиерот Зоран Заев во денешното интервју на МРТВ.

Во однос на прашањето за Гоце Делчев, Заев повтори дека ќе се изнајде решение, бидејќи, како што рече, тоа нè обврзува договорот.

– Решивме три поглавја, пет историски личности наназад, следи четвртото поглавје и шестата историска личност, Гоце Делчев. Договорот нè принудува да наоѓаме заеднички нешта што нè спојуваат – рече Заев.

Тој додаде дека ако било кој постигне договор со кој само една страна добива, тогаш не постои иднина.

– Има архиви и овде и во Бугарија, ќе седнеме, ќе најдеме, важна е историјата и таа треба да биде основа за иднината. Верувам дека во периодот кој претстои брзо ќе се најдат решенијата, јас сум благодарен што бугарската страна имаше трпение поради изборите. Ја испраќам пораката дека сме подготвени веднаш да влеземе и низ поглавјето за Гоце Делчев да изградиме пријателство – истакна Заев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •