октомври 29, 2020

ВМРО – ДПМНЕ не успеаа да ги достават барањата до РКЕ, наидоа на затворена врата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа втор протест против поскапувањето на цената на електричната енергија.

Со едночасовна блокада на крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), ВМРО-ДПМНЕ повторно побара од власта да ги прифати нивните барања – враќање на старата цена на струјата и оставка на членовите на РКЕ.

Потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, рече дека се обиделе, но барањата не можеле да ги достават до РКЕ бидејќи биле пречекани со затворена врата.

ВМРО-ДПМНЕ, порача тој, останува на улица. Ги повика сите граѓани и здруженија да им се приклучат.

– Оваа битка не е е само наша, ова е битка на секој еден граѓанин. Мора да го слушнат нашиот глас, бидејќи само така сите сме посилни. ВМРО-ДПМНЕ нема да престане, туку ќе се здружува и сплотува со многу граѓански организации и здруженија и сите граѓани кои сакаат да победи правдата, изјави Мисјаловски.

Нагласи дека нивните следни чекори ќе зависат од власта, ако таа има слух и тие ќе ги променат одлуките за протести, но и дека ќе ги искористат сите демократски алатки да се борат да бидат слушнати барањата на народот

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •