УТРЕ БЛОКАДА НА УЛИЦИТЕ: ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе протестира

Вмро Дпмне
Oпозицијата утре повторно ќе протестира.
ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира пред Регулаторна комисија за енергетика
Партијата за во 14 часот најави протест против поскапувањето на струјата пред седиштето на Регулаторната комисија за енергетика.
Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев изјави дека еден час ќе ги блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија, чие седиште се наоѓа во центарот на Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ не можат да помират со тоа што граѓаните веќе не им веруваат на нивните лаги и лицемерие и затоа упорно продолжуваат со деструктивното и неодговорно дејствување, реагираат од СДСМ на изјавата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ. И вчера се протестираше и се бараше враќање на старата цена на струјата.
Луѓето кои излегоа на протести бараа оставка на партиските инсталации во комисијата и oд претседателот Марко Беслимоски.
Регулаторната комисија за енергетика ги информирала Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, како и дел од меѓународните дипломатските претставници во земјава во врска со последните случувања во земјава поврзани со нејзината одлука од 21 јули годинава за зголемување на цената на струјата, односно за одобрување на регулираниот максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачи, кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје.
Струјата неодамна поскапе за 7.5 отсто.