октомври 25, 2020

Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир за 2021 година.

„Дејли Меил“ информира дека Трамп бил номиниран само неколку недели откако посредувал во постигнувањето договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Трамп го номинирал норвешкиот пратеник Кристијан Тибринг-Гједе, кој го пофали американскиот претседател за неговите напори во решавање на конфликтите во светот.

Тој оцени дека Трамп направил повеќе за да постигне мир меѓу државите отколку повеќето други кандидати за наградата за мир.

Тибринг-Гједе, кој е и претседател на норвешката делегација во Парламентарното собрание на НАТО, рече дека администрацијата на Трамп имала клучна улога во воспоставувањето односи меѓу ОАЕ и Израел.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •